• среда, 17 декември 2025

Средба на локалната власт на Куманово со сопственици на мотокултиватори

Средба на локалната власт на Куманово со сопственици на мотокултиватори

Куманово, 8 јули 2025 (МИА) - Претставници од општина Куманово и сопственици на мотокултиватори, денеска имаа работна средба на која разговараа за предизвиците и можните решенија поврзани со нивното користење, информираа денеска од општина Куманово.

На средбата присуствуваа градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, секретарот на општината, директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“ претставници од секторите за инспекција и комунални работи и заштита на животна средина и природата и претставници од СВР Куманово.

- Целта на состанокот е разгледување на тековните состојби, предизвиците и можните решенија поврзани со користење на мотокултиваторите, нивното влијание врз животната средина и урбаното живеење, како и определување мерки што општината може да ги преземе во соработка со граѓаните. На состанокот беа определени локациите за времено паркирање на мотокултиватори и тоа: локација на влез на Спомен Костурница и на паркинг просторот кај поранешен „Житомел“ (објект кај улица „Октомвриска револуција“). Исто така надлежните институции се договорија да спроведат заедничка акција за расчистување на смет од диви депонии во која ќе учествуваат и сопствениците на мотокултиватори, информираа од општината.

Дел од граѓаните реагираат дека сопствениците на мотокултиватори пренесуваат шут и мебел, непрописно и го успоруваат сообраќајот. ам/вг/


Фото: општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан