• понеделник, 23 декември 2024

Средба на директорката на КОВЗРГ со претставници на регистрираните цркви, верски заедници и религиозни групи

Средба на директорката на КОВЗРГ со претставници на регистрираните цркви, верски заедници и религиозни групи

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) -  Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи – КОВЗРГ, Оливера Трајковска денеска оствари прва средба со претставници на регистрираните цркви, верски заедници и религиозни групи во Клубот на пратеници во Скопје. Средбата, како што информираат од  КОВЗРГ, беше од информативен карактер. 

-По претставувањето, директорката Трајковска го истакна значењето од придонесот на секоја верска група за развој на соживотот и толеранцијата во земјата, но и за ширењето на моралните пораки, кои се од особено значење за секој еден човек. Претставниците на верските групи и го честитаа изборот на директорката Трајковска, посакувајќи и успешна работа. Тие ја запознаа директорката со поважните активности и проекти со кои како верски субјекти делуваат во нашето мултиконфесионално општество, соопшти КОВЗРГ.

Директорката Трајковска, се вели во соопштението, им се заблагодари на сите за присуството и ја истакна подготвеноста на КОВЗРГ за идна плодна меѓусебна соработка и институционална отвореност за секој регистриран верски субјект во државата.вј/нд/

Фото: КОВЗРГ

Остани поврзан