Средба на вицепремиерот Беким Сали со претставници од успешни компании од нашата дијаспора во Леверкузен
- Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, за време на неговиот престој во Леверкузен, Германија, денеска оствари средби со претставници од неколку успешни компании од нашата дијаспора.
Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, за време на неговиот престој во Леверкузен, Германија, денеска оствари средби со претставници од неколку успешни компании од нашата дијаспора.

-Во рамките на овие средби, тој ги посети компаниите PEVALIT/PEVAPOR, A&F Baustoffhandel, Miftari Dämm-Flex GmbH и R&R Invest GmbH, кои претставуваат успешни примери на претприемништво на нашите иселеници на меѓународните пазари. За време на средбите се разговараше за можностите за продлабочување на економската соработка, проширување на инвестициите и зајакнување на врските помеѓу дијаспората и домашната економија, соопшти Министерството за европски прашања.
Вицепремиерот Сали истакна дека Владата останува посветена на создавање поволна инвестициска клима, со посебен фокус на поддршка на дијаспората, која ја смета за стратешки партнер во економскиот развој на државата.

-Тој подвлече дека искуството и капиталот на дијаспората претставуваат значаен потенцијал за економски раст и забрзување на европската интеграција на државата, се наведува во соопштението. хс/дма/
Фото: Министерство за европски прашања