• вторник, 26 ноември 2024

Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност

Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност

Панчево, 26 ноември 2024 (МИА) - Лука Алериќ од Панчево, Србија, ги освои своите следачи на Тикток со неодамнешниот свој гест. Имено, за време на дождливите и снежните денови, тој постави бесплатни чадори во центарот на градот, сакајќи да им помогне на своите сограѓани, особено оние кои не беа подготвени за новите временски услови.

@aleric.luka Nadam se da sam im pomogao malo #fy #foryou #pancevo #lukaaleric #pancevo❤️ #foryoupage #srbija #balkan #serbia ♬ original sound - aleric.luka

- Се надевам дека барем малку им помогнав, напиша 25-годишниот Лука.

Под неговото видео, следеа коментари: „Лука е прекрасен, многу луѓе треба да се угледаат на него“, „Браво, вака се сака градот“, „Само продолжи така“, „Прекрасно е што мислиш на своите сограѓани“, „Среќа е кога некој мисли и се грижи за тебе - тоа се луѓе со душа“, „Браво, секоја чест за тебе“, „Ти си крал“...

Лука привлекува внимание со слични гестови на љубезност и добрина кон другите луѓе. За него, тоа се „најслатко потрошени пари, бидејќи се дадени со љубов“, како што рече самиот во друго видео.  си/

Фото: Тикток

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан