СП ватерполо: Победа за Хрватска, пораз на пенал за Србија
- Натпреварите од второто коло на Светското првенство во ватерполо (спортови на вода) што се одржува во Сингапур донесе и два дреби дуели
Сингапур, 14.јули 2025 (МИА) - Натпреварите од второто коло на Светското првенство во ватерполо (спортови на вода) што се одржува во Сингапур донесе и два дреби дуели. Во дуелот од А групата Италија по изведување пенали ја совлада Србија со 17:16, откако во регулраниот дел беше 13:13.
Во дербито на Д групата Хрватска ја совлада Црна Гора со 13:11, откако успеа да добие три четвртини со еден разлика, додека една четвртина ја доби Црна Гора.
Резултати второ коло (мажи): САД - Бразил 16:7; Јужна Африка - Романија 5:24; Грција - Кина 26:5; Јапонија - Унгарија 18:23; Австралија - Шпанија 7:10; Хрватска - Црна Гора 13:11, Сингапур - Канада 10:22 и Италија - Србија 17:16 (пенали). мн/
Фото: ЕПА