• вторник, 24 декември 2024

Спроведен проект за зајакнување на капацитетите кај младите за примена на мерки за сајбер - безбедност

Спроведен проект за зајакнување на капацитетите кај младите за примена на мерки за сајбер - безбедност

Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) – Сајбер - насилството кај младите се повеќе се зголемува, а жртвите насилството побрзо би го пријавиле кај соучениците, отколку кај наставниците и стручните служби, ова беше истакнато на денешниот настан посветен на зајакнувањето на младите за справување со сајбер - безбедноста и сајбер – насилството.

Проектниот експерт Маја Христовска рече дека овој проект има за цел да ги зајакне капацитетите кај младите, односно учениците за примена на мерки за сајбер - безбедност, а со тоа да се намали сајбер насилството кое се покажало дека во последно време е на високо ниво.

-За време на проектот имплементиравме обуки кои имаа за цел да ги подобрат училишните програми во училиштата вклучени за време на проектот, работилници со млади и го воспоставивме концептот на врсничка едукација, бидеjќи на сето тоа претходеше едно истражуваше кое покажа дека младите имаат повеќе доверба да пријават каква било форма на насилство, особено сајбер насилство кај своите соученици, отколку кај професорите и стручните служби, појасни Христовска.

На настанот присуствуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој пред присутните ученици и наставници посочи дека Министерството во насока на зајакнување на сајбер безбедноста е посветено на Националната стратегија и Акцискиот план за сајбер безбедност, кои имаат за цел зголемување на свеста и познавањата од областа на сајбер - безбедноста, на сите нивоа на образование и на сите чинители во образованието.

-Образованието има клучна улога во градењето на младите како личности кои покрај знаењата и вештините имаат и вредносни норми за нивна примена. Затоа, како Министерство делуваме во насока на градење ненасилни личности, истовремено овозможувајќи младите да стекнат знаења да ги препознаваат и да се справат со опасностите што се кријат зад секој клик, истакна министерот Шаќири.

Тој во своето обраќање посочи дека сајбер насилството на интернет просторот се шири во голема мера.

-Дигиталната технологија, преку социјалните мрежи, платформите за пораки и игри како и преку мобилните телефони, покрај бројни позитивни страни, нè изложува сите кон нови закани по приватноста и безбедноста во најширока смисла. Најранливи се децата и младите. Со реформата на воспитно-образовниот систем, преку наставните програми го промовираме ненасилното решавање на конфликтите но и превентивата и мерките за справување со насилство, вклучително и сајбер насилството, рече Шаќири.

Тој се осврна и на Прогрмата за обуки за стручно усовршување на наставниците.

-Во Програмата за обуки за стручно усовршување на наставниците, што е документ што на годишно ниво го носи министерот за образование и наука, посебен модул е: создавањето безбедна и стимулативна средина за учење-Справување со врсничкото насилство и сајбер насилството. Зајакнување на професионалните компетенции преку обуки минуваат и стручните соработници, како важна алка во воспитно – образовниот процес каде учениците првично се обраќаат да ги надминат предизвиците, изјави министерот.

Шаќири истакна дека во соработка со меѓународните пртнерски организации се организираа обуки за сајбер безбедност за учениците, наставниот кадар и за родителите, додека во соработка со Министерството за информатичко општество се работи на подобрување на дигиталните вештини не само на децата и младите луѓе, туку и на родителите и наставниците.

-Во 40 основни училишта поставивме нова информатичко-комуникациска опрема, при што пребарувањето на содржините е ограничено само на образовните потреби, овозможувајќи безбеден пристап до интернет.Без оглед на различните мислења, борбата против сајбер насилството е континуирана, вклучува бројни активности и преку различни форми ги сондира реалните состојби и мислењата за нивно надминување, вградувајќи ги во документи кои повлекуваат делување на институциите, рече Шаќири. свс/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан