• недела, 29 март 2026

Спомен-парк во Охрид за борците на Шестата македонска бригада и генералот Михајло Апостолски

Спомен-парк во Охрид за борците на Шестата македонска бригада и генералот Михајло Апостолски

Охрид, 28 март 2026 (МИА) - Спомен-парк посветен на борците на Шестата македонска бригада од Втората светска војна и на генералот Михајло Апостолски денеска беше отворен во Охрид

Во обраќањето пред присутните на церемонијата во кругот на поранешната касарна, заменик-греадоначалничката на Охрид, Ана Крстеска, истакна дека Спомен-паркот ќе биде одраз на почит кон историските личности кои беа дел од 6-тата македонска бригада и генерал Михаило Апостолски.

-На ваков начин ја оддаваме нашата должна почит кон хероите кои ги испишаа најсветлите страни од нашата историја и станаа симбол за она што значи љубов и преданост кон својата татковина, верба дека она што сме го добиле од предходните генерации треба како светост и светлина во очи да го чуваме и предаваме на идните генерации, а тоа е слободна, суверена Македонија со свој јазик, култура и традиции - рече меѓу другото таа.

Отворањето на Спомен-паркот е на иницијатива на охридскиот огранок на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, со поддршка на Општина Охрид. аб/вг/

фото/МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан