• сабота, 28 март 2026

Градскиот парк во Виница осветлен со „паметни“ светилки

Градскиот парк во Виница осветлен со „паметни“ светилки

Виница, 28 март 2026 (МИА) - Градскиот парк во Виница  доби ново сензорно осветлување,  односно „паметни“ светилки со лед осветлувачки тела чија моќност се намалува доколку нема движење. Исто вакво осветлување е инсталирано и на паркинг просторот пред Градскиот стадион.

-Финансиските средства за овој проект во висина од 2,8 милиони денари се обезбедени од Министерство за животна средина и просторно планирање, преку Владиниот повик за инфраструктурни проекти, информира градоначалникот Митко Костадиновски.

Во Општина Виница сметаат дека со новото модерно и сензорно осветлување се  зголемува енергетска ефикасност, загубите на енергија се помали и дека безбеденоста на граѓаниете во вечерните часови е поголема. ис/вг/

фото:  Општина Виница

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан