Митески: Работен викенд во Аеродром за побрзо и поквалитетно реализирање на проектите
- Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески соопшти дека овој викенд се работи интензивно на терен, со силно темпо и со целосна посветеност за побрзо и поквалитетно реализирање на проектите.
Скопје, 28 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески соопшти дека овој викенд се работи интензивно на терен, со силно темпо и со целосна посветеност за побрзо и поквалитетно реализирање на проектите.
Како што напиша на својот фејсбук профил, спортската сала и втората фаза од ООУ „Блаже Конески“ се во напредна фаза, а наскоро ќе почне и уредувањето на паркинг просторот, со што ќе се обезбедат дополнителни паркинг места за потребите на училиштето.

-Инвестираме во иднината. И оваа сабота екипите се активни на сервисната улица покрај бул. „Трета Македонска Бригада“ (од Тинекс до Метро), а градежните работи се одвиваат согласно предвидената динамика. Нов коловоз, нови тротоари и ново улично осветлување – подобри и побезбедни услови за сите граѓани! Обезбедуваме нов пристап за жителите на ул. „Ангел Димовски“ во Стар Аеродром – решаваме уште еден долгогодишен проблем. Нови тротоари и зелен појас на ул. „Коста Новаковиќ“ – повеќе зеленило и побезбедно движење за сите. Овие проекти се од големо значење за нашите граѓани и претставуваат важен чекор кон поуредена, побезбедна и поквалитетна средина за живеење за сите, наведува градоначалникот. мч/вг/
фото: ФБ на градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески