Спиропали на средба со Калас: Интеграцијата на Западен Балкан, вклучително и Косово, е стратешка инвестиција за заедничката иднина под европското небо
- „Разговаравме за понатамошното ангажирање на Албанија како фактор на регионалната безбедност, сигурен и проактивен партнер на ЕУ, целосно усогласен со политиките на Унијата, вклучително и во континуираната и безусловна поддршка за Украина, напиша Спиропали во објава на Фејсбук.
Тирана 28 октомври 2025 (МИА) - Министерка за Европа и надворешни работи на Албанија, Елиса Спиропали, се сретна со потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.
„Разговаравме за понатамошното ангажирање на Албанија како фактор на регионалната безбедност, сигурен и проактивен партнер на ЕУ, целосно усогласен со политиките на Унијата, вклучително и во континуираната и безусловна поддршка за Украина, напиша Спиропали во објава на Фејсбук.
Додава дека му се заблагодарила на „главниот европски дипломат за финансиската поддршка што Унијата продолжува да ѝ ја дава на Албанија, вклучително и безбедноста и одбраната".
Посебно се заблагодарила за двата пакета финансиска помош од 28 милиони евра за зајакнување и модернизација на капацитетите на албанските вооружени сили.
„Ја нагласив мојата целосна убеденост дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, вклучително и Косово, е стратешка инвестиција за заедничката иднина под европското небо“, посочува таа.
Калас од своја страна уште еднаш ја пофалила Албанија за нејзиното целосно усогласување со надворешните политики на ЕУ и за сериозноста со која земјата се вклучила во процесот на преговори.
Спиропали, се сретнала и со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која оценила дека "Албанија е приказна за успех" и оти "ја поддржуваат амбицијата за затворање на преговорите до 2027 година". вт/ссм/