• недела, 25 јануари 2026

Спасувачка акција во морскиот дел кај грчкиот остров Икарија за четворица исчезнати мигранти

Спасувачка акција во морскиот дел кај грчкиот остров Икарија за четворица исчезнати мигранти

Атина, 24 јануари 2026 (МИА) – Спасувачка акција на крајбрежната служба на Грција е во тек од рано утрово во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Икарија за пронаоѓање на четворица исчезнати мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба информираа дека акцијата е откако во конкретниот регион пристигнала група мигранти, а во потрагата се вклучени еден патролен брод, брод за пловење на отворено море, хеликоптер на военото воздухопловство и приватен брод.

Според грчката државна телевизија ЕРТ, група од околу 50 мигранти пристигнале во близина на островот, во карпест дел, а акција започнала откако спасените информирале дека четворица се исчезнати. ср/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан