• петок, 26 јули 2024

Спасовски се сретна со директорот на Агенцијата за обуки за спроведување на законот на ЕУ Шредер

Спасовски се сретна со директорот на Агенцијата за обуки за спроведување на законот на ЕУ Шредер
Скопје, 21 август 2021 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со делегација на Агенцијата за обуки за спроведување на законот на Европската Унија (ЦЕПОЛ) предводена од директорот Детлеф Шредер, а на која учествуваа и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и помошник министерот во Центарот за обука Гоце Бачанов. На средбата, како што информираа од МВР, се разговарало и за можноста за дополнителна соработка во областите на заедничко делување, пред сѐ, во делот на поддршката од страна на ЕУ - ЦЕПОЛ во борбата против организираниот криминал и борбата против тероризмот, преку обезбедување можности за надградба на капацитетите во областа на спроведување на законот, преземање на конкретни мерки за зајакнување на капацитетите преку обуки на службите во Северна Македонија и зајакнување на соработката помеѓу партнерите од Северна Македонија на полето на развојот и имплементацијата на обуки за агенциите. - За таа цел од двете страни беше изразена заложба во наредниот период да се потпише подготвениот План за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и ЦЕПОЛ, кој ќе биде од големо значење за министерството и врз основа на кој ќе се обезбеди потребната специјализирана обука за службениците, наведоа од МВР. Министерот Спасовски ја истакнал успешната соработка што Министерството за внатрешни работи ја има со Агенцијата за обуки за спроведување на законот на Европската Унија - ЦЕПОЛ, при што главен фокус бил ставен на регионалниот проект „Партнерство против криминалот и тероризмот во Западен Балкан“, кој во моментов се имплементира во рамките на министерството. - Министерот Спасовски изрази уверување дека соработката и во иднина ќе продолжи со несмален интензитет, со цел зголемување на нивото на професионалност помеѓу преставниците на агенциите за спроведување на законот и пренесување на најдобрите практики од областа на безбедноста во Република Северна Македонија, соопштија од МВР. Директорот на Агенцијата на Европската Унија - ЦЕПОЛ  се заблагодарил на континуираната соработка со Министерството за внатрешни работи со уверување дека остануваат посветен партнер на Република Северна Македонија во насока на зголемувањето на стандардите за професионалност, како на поединците, така и на институциите во целина.см/лв/    

Остани поврзан