• сабота, 28 декември 2024

Спасовски: Никој не смее и не може да преговара за идентитетот и за македонскиот јазик

Спасовски: Никој не смее и не може да преговара за идентитетот и за македонскиот јазик
Скопје, 12 јули 2022 (МИА) - Никој апсолутно не смее и не може да преговара ниту за идентитетот, ниту за македонскиот јазик во оваа држава. Ниту сегашна ниту било која идна власт, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук. - Тоа треба да ни биде јасно на сите. И ние апсолутно идентитетот, јазикот, културата, посебноста на македонскиот народ што мора да се заштити по секој цена и нема разговори со никого, па нека биде и ЕУ во делот на нашиот јазик и нашиот идентитет. Тоа не се преговара и не може да се преговара никогаш понатаму, додава Спасовски во објавата, пропратена со видео изјава од неговото гостување во емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21. сп/

Остани поврзан