• недела, 22 декември 2024

Спасовски на Свечена академија по повод Денот на ослободување на Крива Паланка

Спасовски на Свечена академија по повод Денот на ослободување на Крива Паланка
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва присуствуваше на Свечена академија по повод 8 Октомври - Денот на ослободување на Крива Паланка, на која беа доделени осмооктомвриските признанија.
-Во пресрет на големиот празник на Крива Паланка, дозволете во свое и во име на МВР на кривопаланчани по повод 78 години ослободување на Крива Паланка, да им упатам срдечни честитки со желби за добро здравје и благосостојба. Крива Паланка е доказ за нашата посветеност, за тоа како се гради плански и се унапредува животот на граѓаните. За овие неколку години успеавме да дадеме нов европски лик на Крива Паланка, напиша Спасовски на Фејсбук.
По 30 години од изградбата, како што наведува, го реконструиравме објектот на Одделението за внатрешни работи Крива Паланка, со што создадовме услови за зајакнување на ефикасноста на полицијата и безбедноста на граѓаните.
Министерот Спасовски потсети дека по 50 години граѓаните добија модерен плоштад и парк.
-По 40 години се рехабилитираат патиштата во овој дел, а ги зголемивме и сместувачките капацитетите во детската градинка „Детелинка“. Ова е само мал дел од проектите кои се показател за одличната соработка на локалната самоуправа со Владата и за континуираниот влог во развој на општините, за подобро урбано живеење на нашите граѓани, напиша Спасовски.
Министерот за внатрешни работи најави дека ќе продолжат со политики кои значат рамномерен регионален развој, кои, како што наведе, во својот центар на внимание ги имаат граѓаните, економскиот напредок, како и унапредувањето на севкупниот културен и социјален живот на кривопаланчани.
На Свечена академија по повод 8 Октомври - Денот на ослободување на Крива Паланка се обрати градоначалникот Сашко Митовски, а присуствуваа вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, поранешниот министер за здравство Венко Филипче и други...мд/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан