• сабота, 23 ноември 2024

Спасовски: Безбедносната состојба во СВР Охрид е стабилна без никакви нарушувања

Спасовски: Безбедносната состојба во СВР Охрид е стабилна без никакви нарушувања
Охрид, 7 јуни 2022 (МИА) - Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е мирна, безбедна, стабилна и без никакви индикации за нарушување. Тоа било констатирано на денешната средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со раководството  на Секторот за внатрешни работи во Охрид. Во изминатите пет месеци од 2022 година, како што забележа, имало исклучително поволни резултати, што, според Спасовски, покажува дека доброто стратешко поставување на МВР и посебно постапувањето на СВР во Охрид ги дава посакуваните резултати. -          Споредбено со минатата година за првите пет месеци имаме намален број на кривични дела на подрачјето на СВР Охрид и зголемување на ефикасноста, односно откривачката дејност на полицијата и тоа за повеќе од 10 проценти споредбено со истиот период лани. Ова говори за еден проактивен пристап во делот на безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид, забележа ресорниот министер. Во делот на сообраќајот, од почетокот на годината, додаде, се бележи тренд на намалување на сообраќајните незгоди, како во делот со смртни последици, така и со тешки телесни повреди или поголеми материјални штети. -          Тоа покажува дека и превентивните акции, што ги преземаме на ниво на МВР, РСБСП и Факултетот за безбедност даваат ефекти, меѓутоа и делот на репресијата, кој е неминовен во однос на сите оние учесници во сообраќајот, кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Ова е многу важно пред почетокот и на оваа туристичка сезона, рече Спасовски. На средбата, нагласи било разговарано и за подготовките пред туристичката сезона бидејќи, очекува зголемена фреквенција и голем број настани што ќе се одржуваат во Охрид и во Струга. -          Апелирам до граѓаните да се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи, сите заедно да помогнеме во поголема безбедност во сообраќајот и на соработка со македонската полиција, бидејќи партнерството покажа и докажа дека дава резултати, додаде Спасовски. По средбата во СВР Охрид, министерот со својот тим ќе има работна средба и со раководството на Регионалниот центар за гранични работи Запад. сс/аа/

Остани поврзан