• петок, 05 декември 2025

Спасени 79 мигранти југозападно од грчкиот остров Гавдос

Спасени 79 мигранти југозападно од грчкиот остров Гавдос

Атина, 30 октомври 2025 (МИА) – Во акција на крајбрежната служба на Грција во морскиот дел на 19 наутички милји југозападно од малиот грчки остров Гавдос, рано утрово биле спасени околу 79 мигранти кои се превезувале со чамец, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба информираа дека во спасувачката акција, координирана од Националниот координативен центар за потрага и спасување, вклучени биле патролен брод, дрон на Фронтекс, како и два брода што пловеле во близина.

Мигрантите биле безбедно пренесени до пристаништето Палеохора на Крит, каде што ќе се следат потребните процедури за идентификација и сместување.ср/сд/

Остани поврзан