• вторник, 24 декември 2024

Спалети искрен по поразот: Ја преземам одговорноста, јас го направив овој избор на играчи

Спалети искрен по поразот: Ја преземам одговорноста, јас го направив овој избор на играчи

Берлин, 29 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на Италија, Лучано Спалети, беше видно разочаран по мечот со Швајцарија и раната елиминација од Европското првенство.

Стратегот на „азурите“ сепак не бега од одговорност и веќе најави средба со претседателот на италијанската ФА.

-Одговорноста за елиминацијата е само моја. Јас го направив овој избор, изјави Спалети по мечот.

Италијанските новинари се интересираа дали Спалети сепак ќе поднесе оставка.

Ќе разговарам со претседателот Гравина. Тој отсекогаш ме третирал како голема личност. Ќе видам што ќе каже, објасни Спалети.

Италијанските медиуми веднаш по натпреварот тргнаа во офанзива против селекторот, пред се поради лошиот избор на играчи кои ги однесе на ЕП.

-Велам, сето тоа е дел од процесот. Сите други тренери имаа најмалку 20 натпревари пред ова ЕП, јас имав само 10 и секогаш под притисок - мора да победиш, мора да победиш. Веројатно треба малку подобро да го запознаам мојот тим, за да ги поставам работите подобро. Исто така, имавме голем број повредени играчи на кои нормално би сметал. Пробавме различни работи, но чувствувам дека треба да менувам. Ова не е толку скандалозен резултат како што луѓето ќе го претстават. Поминавме во тешка група, но немавме карактер, заврши Спалети. дс

Фото: Архива

Остани поврзан