• вторник, 26 ноември 2024

Со правилата на ЦЕФТА за спречување на геоблокирањето до еднакви услови во интернет трговијата

Со правилата на ЦЕФТА за спречување на геоблокирањето до еднакви услови во интернет трговијата

Иако на прв поглед изгледа дека во онлајн просторот нема граници и дека светот ни е на дофат, во одредени ситуации реалноста е поинаква. Да земеме за пример електронската трговија, на која сè повеќе се насочуваме за да заштедиме време, но и пари. Во теорија – процесот на било која е-куповина е прилично едноставен, брз и исплатлив. Меѓутоа, се поставува прашањето дали тоа е навистина така и во пракса – барем кога ќе ја погледнеме ситуацијата во нашето опкружување во однос на прекуграничната интернет трговија. Одговорот е – не, а еден од проблемите е геоблокирањето, сме се соочиле барем еднаш.

Што е геоблокирање? Како што кажува и самиот назив, станува збор за ограничување на пристапот до интернет содржини, услуги или производи во зависност од географската локација на која се наоѓаат корисниците (нивната IP адреса, местото каде што живеат, работат и сл.). Ова се манифестира на различни начини, како на пример тоа што не можете да пристапите до одредени веб-страници, посакуваните производи и услуги не се достапни за вашето пазариште, а доколку успеете да ги нарачате, условите се полоши отколку за купувачите на други пазари.

Колку е честа оваа појава? ЦЕФТА (Централноевропски договор за слободна трговија) пред неколку години направи истражување на оваа тема, а резултатите покажаа дека пречките во онлајн продавниците најмногу се присутни во Молдавија (87,5%), Србија (86,4%), Косово (72%), Северна Македонија (69%), Босна и Херцеговина (68,8%). Најмалку се застапени во Албанија (61,9%) и Црна Гора (60,9%).

Во рамките на истражувањето беше анализирана ситуацијата во секоја од страните на ЦЕФТА, а претставниците на деловната заедница како најголеми проблеми ги истакнаа – комплицираната логистика и царинските процедури, високите такси за испорака надвор од локалниот пазар, неизвесноста при испораката, двојното оданочување. Земајќи го предвид фактот дека процесот на е-трговијата опфаќа неколку клучни фази, како што се пристап до онлајн продавница, регистрација, плаќање и достава, и дека во секоја од нив може да дојде до геоблокирање, не е ни чудо што многумина ја сметаат оваа појава за дискриминација, на која што што побрзо треба да ѝ се стави крај.

Затоа ЦЕФТА презема бројни активности, обидувајќи се да обезбеди еднакви шанси за сите купувачи, без оглед на тоа од која страна на ЦЕФТА доаѓаат.

Што ни носат правилата на ЦЕФТА за спречување на геоблокирањето? Со Акцискиот план за Заедничкиот регионален пазар 2021-2024 се предвидува слободно движење на стоки и услуги во рамките на ЦЕФТА, а геоблокирањето е една од бариерите кои се сакаат да се отстранат. Исто така, кога ќе биде усвоена Одлуката на Заедничкиот одбор, ќе се овозможи правилата на Европската унија да се применуваат во рамките на ЦЕФТА, додека Новиот план за раст за Западен Балкан ќе овозможи нивна примена и со Европската унија.

Преку овие, но и други документи и активности, се настојува да се олесни пристапот до стоки и услуги, олеснети платежни трансакции, лесен пристап до веб-страници за е-трговија. Значи, благодарение на правилата на ЦЕФТА, трговците нема да можат да ги дискриминираат купувачите:

· Со забрана за пристап до интернет-страници

· Со пренасочување на локални интернет-страници

· Со забрана за пристап или различни услови за стоки и електронски услуги (нпр. букирање на хотели, хостирање на интернет-страници и слично)

Фокусот е исто така на овозможување на пристап до сите интернет-продавници, како и забрана за дискриминација при платежните трансакции. Трговците нема да можат да го блокираат пристапот на купувачите до интернет-трговијата без оглед од кој пазар на ЦЕФТА доаѓаат.

Исто така, нема да можат да им наметнат различни услови за плаќање поради местото на нивното живеење или работење.

Постои ли ситуации во кои геоблокирањето е оправдано?

Иако геоблокирањето е неприфатливо во многу сегменти, постојат исклучоци. Горенаведените правила на ЦЕФТА ги исклучуваат услугите поврзани со заштита на авторските права или дела во нематеријална форма (стриминг на музика и електронски книги). Исто така, се исклучени и аудиовизуелни, финансиски, здравствени и социјални услуги. Геоблокирањето е оправдано и во случај на спречување на нелегални активности и содржини на интернет.

Сето ова нè води до заклучок дека станува збор за прашање со кое сериозно треба да се занимаваме. Некои од бариерите ќе бидат надминати со примена на заедничките правила за геоблокирање, додека други ќе бидат дел од агендата на останатите иницијативи чија цел е унапредување на електронската трговија во рамките на ЦЕФТА, по примерот на Европската унија

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан