• сабота, 23 ноември 2024

Со омаж за Петре М. Андреевски Општина Центар и Здружението Форум за човекови права го одбележаа Светскиот ден на поезијата

Со омаж за Петре М. Андреевски Општина Центар и Здружението Форум за човекови права го одбележаа Светскиот ден на поезијата

Скопје, 21 март 2024 (МИА) – По повод Светскиот ден на поезијата – 21 март, Општина Центар и Здружението Форум за човекови права-Скопје денеска одржаа  омаж за Петре М. Андреевски по повод 90 години од раѓањето  - Расветлување на неговиот животопис и творечки опус.

Како што информираат од Општина Центар, на настанот бил прикажан документарниот видео запис во чест на Петре М. Андреевски кој важи за еден од најпопуларните македонски поети и раскажувачи на сите времиња, романописец, есеист и драмски автор чии дела претставуваат вистински аманет за македонското творештво.  

Во документарните записи биле прикажани архивски видео записи од самиот Петре М.  Андреевски, видео инсерти во кои се говори за неговиот живот и творечки опус од членови на семејството, ќерката Деница Андреевска Богданова и од неговите современици: Матеја Матевски, Мирче Нешовски, Цветан Враживирски. 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на настанот истакнал дека делата на Петре М. Андреевски се дел и од колективната меморија на граѓаните.

- Неговите песни, романи, драми сме ги прочитале милион пати. Тие станаа дел од нашата колективна меморија. Стиховите и мислите на Андреевски се автентични и длабоко македонски. Неговите дијалози ги кажуваат безвременските вистини за тоа кои сме и што сме. Мали а во исто време големи! Ранливи а во исто време непокорни и неуништливи, посочил градоначалникот.

Неговиот омилен избор од Андреевски, како што дополнил, се пркосниот Пиреј, безвременската Дениција и исконската Касни Порасни.

За значењето и придонесот на неговото поетско дело свои обраќања покрај градоначалникот Герасимовски имаа и професор д-р Кристина Николовска, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Додека, издавачка куќа Три изложила дел од неговите дела на настанот.

Оттаму најавуваат дека вечер во Музејот на Македонската борба за самостојност ќе биде одржана Манифестација „Моќта на поезијата“ организирана од Здружението на пензионери на Општина Центар и Здружението на просветни работници на Град Скопје.ар/лв/
Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан