• сабота, 23 ноември 2024

Со литературен перформанс одбележан Денот на жената во Земјоделско - шумарското училиште во Кавадарци 

Со литературен перформанс одбележан Денот на жената во Земјоделско - шумарското училиште во Кавадарци 
Кавадарци, 8 март 2023 (МИА) - Со литературен перформанс денеска беше одбележан Денот на жената, 8 Март, во средното Земјоделско - шумарско училиште „Ѓорче Петров" во Кавадарци. Професорот по македонски јазик Влатко Тасев рече дека ова  е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Тој нагласи дека жената, мајката, отсекогаш била столб во семејството. 
 
- Жената, мајка, е инспирација за многу познати писатели и поети. Токму затоа, наши ученици денеска се претставија пред свои соученици и вработени во училиштето, со извадоци од неколку книжевни дела. Тие влегоа во ликовите на Ленче од „Бегалка", Велика од „Пиреј", Неда од „Сердарот", Доста од „Крпен живот" и други, појасни професорот. 
 
Тој нагласи дека воспитно-образовниот процес е многу важен сегмент во животот на младите, во кој тие се едуцираат, меѓу другото и за еднаквост и еднакви можности за сите, без предрасуди.
 
Училиштето постои 66 години, а неговото мото е „Денес ученик, утре стручњак". свд/мч/
 
Фото : Училиште ,,Ѓорче Петров"

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан