Со изложба на преку 500 маски во Прилеп почнуваат карневалските свечености за Прочка
- Околу 500 маски, креации на ученицитеод прилепските училишта денеска се изложени во Центарот за култура „Марко Цепенков“ на традивионалната изложба на маските со која почнуваат свеченостите за карневалот „Прочка 2026“.
Прилеп, 20 февруари 2026 (МИА) - Околу 500 маски, креации на учениците од прилепските училишта денеска се изложени во Центарот за култура „Марко Цепенков“ на традиционалната изложба на маските со која почнуваат свеченостите за карневалот „Прочка 2026“.
Умешноста од природни материјали да се направат крациите е секоја година повпечатлива.

-На стартот сме на карневалот „Прочка, по 25-ти пат кој годинава има и меѓународен карактер. Ученицитеја покажаа својата креативност во над 500-тините изложени маски. Ова е иднината на Карневалот кој има долга традиција, рече Снежана Ристеска, советник за култура при прилепската локална самоуправа.
Креативноста на младите ја обнови традицијата. Детскиот карневал се одржува утре, сабота, напладне со дефиле на маските во центарот на градот и изборот на најдобрите.
- Ги обновуваме традициите зашто прилепчани, и најмладите,и преку оваа изложба на маски, имаат што да порачаат со своите креации. Ги поканувам сите гости утре да го проследат дефилето на детските маски, рече прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.
Жирито имаше тешка задача да ги избере најдобрите. И традиционални, и иновативни.

Гран при наградата ја понесе маската на ОУ „Блаже Конески“ која го претставува човекот и пустошот што го прави со пожарите. А најдобра беше маската на учениците од ОУ „Добре Јованоски“, насловена „Чувар на традициите“.

Прилепскиот карневал утре напладне на плоштадот „Методија Андонов Ченот“ на Детскиот карневал ќе ги претстави најдобрите маски на најмладите, а в недела, на Прочка, е карневалот на домашни и групи од странство кои ќе дефилираат од 13 часот во центарот на градот. Карневалската поворка ќе ги предводи заштитната маска „Прилепските мечкари“ кои ќе го изведат обредниот ритуал, заштитен како нематеријално културно богатство од Министерството за култура од 2019 година.
Карневалскаста програма ќе ја збогатат забавувачи, жонглери, кловнови, акробати како и бројни карневалски забави низ градот. ем/ац/
Фото: МИА