• вторник, 24 декември 2024

Со вечерна богослужба почна одбележувањето на патронот на Кнежинскиот манастир во Кичево

Со вечерна богослужба почна одбележувањето на патронот на Кнежинскиот манастир во Кичево

Дебар, 15 ноември 2023 (МИА) - Во присуство на голем број верници од кичевскиот крај и пошироко,  со празнична Вечерна богослужба почна одбележувањето на патронот на манастирот „Свети Георгиј Победоносец" во Кнежино, кичевско.

-По повод споменот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, во чест на обновувањето на неговиот Сечесен Храм во Лида Палестинска – Ѓургиц, во неговиот Свет манастир во Кнежино, вечерва отслужена беше празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше  неговото преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, информираа од Бигорскиот манастир.

Утре, на денот на празникот во 7:30 часот ќе започне Утрената богослужба, додека Божествената Архиерејска Литургија ќе започне во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува епископ Антаниски г. Партениј.

-Бог, заради молитвите на светиот великомаченик Георгиј, да ни подари храброст, та воинствено да поитаме во борбата против поднебесните духови на злобата. Да се издигнеме над се овоземно, подготвувајќи си го патот што води кон вечното блаженство, Царството на нашиот Отец Небесен, посакуваат од манастирот. вт/вј/

Фото: Бигорски манастир

Остани поврзан