• понеделник, 17 март 2025

Сочувство од ДУИ: Ова е огромна загуба за семејствата, за градот Кочани и за целата наша држава

Сочувство од ДУИ: Ова е огромна загуба за семејствата, за градот Кочани и за целата наша држава

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Демократската Унија за Интеграција изразува најдлабока тага за тешката трагедија во Кочани, каде досега 59 лица го загубија животот, а повеќе од 150 се повредени во разорниот пожар во ноќен клуб. Воедно, од партијата најавија дека ги откажуваат сите партиски активности и собири за една недела. 

-Ова е огромна загуба за семејствата, за градот Кочани и за целата наша држава. Како знак на солидарност и почит, ДУИ одлучи да ги откаже сите партиски активности и собири за една недела. Ова е момент на жалост и размислување, каде што целото внимание треба да биде насочено кон жртвите, нивните семејства и преживеаните. Во овие тешки моменти, ДУИ стои со семејствата на жртвите и со сите граѓани погодени од оваа трагедија, се наведува во соопштението од ДУИ. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан