Сочувство од Гаши по повод смртта на првиот претседател на Собранието, Стојан Андов
- Претседателот на Собранието Африм Гаши по повод смртта на Стојан Андов изразува сочувство до семејството и пријателите на првиот претседател на Собранието.

Скопје, 18 јуни 2024 (МИА) – Претседателот на Собранието Африм Гаши по повод смртта на Стојан Андов изразува сочувство до семејството и пријателите на првиот претседател на Собранието.
-По повод смртта на првиот претседател на републичкото Собрание по осамостојувањето на државата, Стојан Андов, изразувам најдлабоко и најискрено сочувство до семејството Андов, како и до неговите колеги, пријатели и соработници, вели Гаши.
Стојан Андов, додава, засекогаш ќе остане запаметен како прв претседател на плуралистичкото Собрание, кој со право се смета за основоположник на новата парламентарна традиција кај нас.
-Во знак на почит кон г. Андов утре ќе присуствувам на неговиот погреб, додека исто така утре, во 13.00 часот, во просториите на Собранието ќе организираме и комеморативна седница. Нека е вечен неговиот спомен!, посочува Гаши. вј/аа/
Фото: МИА архива