• петок, 13 март 2026

Состојба на патиштата

Состојба на патиштата

Скопје, 12 март 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Фото: МИА архива

Остани поврзан