• недела, 28 јули 2024

Соопштение од Град Скопје за загадувањето на воздухот

Соопштение од Град Скопје за загадувањето на воздухот

20 декември 2023 

Почитувани,

Утрово како и секој друг ден од почетокот на грејната сезона сведоци сме на лажни вести кои во 21. век, во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого може да се проверат. 

Имено, неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото.

Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово.

Во реално време можете да ги следите резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на 
https://waqi.info/

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

ГРАД СКОПЈЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Град Скопје 

 

Остани поврзан