Сончево со утринска магла по одделни котлини

Скопје, 23 октомври 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево со слаба утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната од 20 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во следните два дена ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Поради облачноста, утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните ќе опаднат за 3-5 степени.