• недела, 21 јули 2024

Сончево со услови за слаба магла претпладне

Сончево со услови за слаба магла претпладне
Скопје, 11 февруари 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната од 10 до 16 степени. Во Скопје, сончево со услови за слаба магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 11 степени Следува период на променливо облачно и малку посвежо време со локален слаб дожд претежно во источните делови, а на планините слаб снег. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Остани поврзан