Сончево со умерен повремено засилен ветер од северозападен правец

Скопје, 24 март 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево и потопло. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени.
Во Скопје, сончево со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 20 степени.
До сабота ќе преовладува сончево и потопло време. Во недела ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон понеделник повремени локални врнежи од дожд.