Сончево со умерен ветер од северозападен правец

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево и потопло со умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до осум степени, а дневната температура од 16 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 23 степени.
Следува период на стабилно време со пораст на дневните температури.