Сончево со слаб умерен северозападен ветер

Скопје, 13 март 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум степени, а дневната температура ќе се движи од 16 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе достигне до три степени, а а дневната температура до 23 степени.
Во недела врнежите ќе бидат пообилни и поради заладување на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.