Сончево со слаб до умерен југоисточен ветер

Скопје, 9 мај 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено попладне вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 24 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер, а дневната температура ќе биде во пораст. Во среда претежно во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд и грмежи.