Сончево со слаб до умерен североисточен ветер

Скопје, 8 април 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер.
Од минус еден до четири степени, а дневната температура ќе се движи од девет до 21 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 19 степени.
Следува период на стабилно, претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури. До четврток утринските температури на места ќе бидат под нулата. Од сабота ќе има извесно зголемување на облачноста.