• среда, 20 ноември 2024

Сончево со мала локална облачност во јужните делови и со слаб јужен ветер

Сончево со мала локална облачност во јужните делови и со слаб јужен ветер
Скопје, 5 октомври 2021 (МИА) - Наутро свежо, а преку денот сончево со мала локална облачност во јужните делови и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од еден до 10, а максималната од 20 до 26 степени. Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне до 24 степени. Од среда следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Остани поврзан