
Скопје, 11 мај 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено и засилен ветер од југоисточен правец. УВ=7
Утринската температура ќе се движи од шест до 12 степени, а дневната температура од 22 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. УВ=7
Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 30 степени.
Следува период на значително топло време, особено во втората половина од седмицата.