Сончево и топло, температурата до 35 степени
- Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Скопје, 15 септември 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени.
Во Скопје, претежно сончево и топло слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 32 степена.
До петок ќе се задржи стабилно и топло време. Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од недела температурите ќе бидат во постепено опаѓање.