• четврток, 29 август 2024

Сончево и топло до 40 степени

Сончево и топло до 40 степени
Скопје, 26 јули 2022 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40 степени Целзиусови. И утре ќе се задржи многу топло време, а попладне и во четврток во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.вј/мд/

Остани поврзан