• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сончево и многу топло, попладне можност дожд и грмежи

Сончево и многу топло, попладне можност дожд и грмежи

Скопје, 6 јуни 2025 (МИА) - Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 36 степени. сст/дма/

Фото МИА архива 

 

 

 

 

 

Остани поврзан