Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец

Скопје, 22 август 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната од 29 до 36 степени. УВ=8
Во Скопје, сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Во недела ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во понеделник во попладневните часови и во вторник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на грмежи.