
Скопје, 2 август 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 37 степени. УВ=8
Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Од утре ќе следува постабилен и не особено топол период со дневни температури кои на југоистокот ќе достигнуваат до 36 степени. Повторно нестабилно ќе биде кон средината на работната неделата.