Сончево со мала локална облачност

Скопје, 13 септември 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 31 степен.
Од понеделник ќе има повремено зголемување на облачноста и благо намалување на дневната температура. Во четврток попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.