• вторник, 27 август 2024

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 16 март 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, особено во западните делови. Во текот на ноќта во североисточните и источните делови ќе има слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта ќе има слаб повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 15 степени. Во четврток ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд, а на планините снег. Поради спуштање на студена воздушна маса во петок и за време на викендот ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен локален слаб снег. Температурите значително ќе се намалат и повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Остани поврзан