• среда, 28 август 2024

Сончево и топло со мала локална облачност

Сончево и топло со мала локална облачност
Скопје, 25 февруари 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје сончево. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 19 степени. Продолжува периодот на стабилно време. До сабота ќе се задржи натпросечно топло, а од недела ќе има намалување на температурата за 6 до 8 степени. Од сабота попладне ќе почне да дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, а ќе има и извесно зголемување на облачноста. Топлото време до сабота ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.

Остани поврзан