Сончево и топло со мала до умерена облачност

Скопје, 16 јули 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер што ќе предизвика мало опаѓање на температурата, особено во северните делови. Значителен пораст на температурата се очекува од среда.