• вторник, 23 јули 2024

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност
Скопје, 18 август 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8 Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени. Во следните денови ќе се задржи сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Утре ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец што ќе предизвика дневната температура во следните денови да биде пониска за неколку степени.

Остани поврзан