Солскјер во преговори со Бешикташ
- Оле Гунар Солскјер е на пат да најде нов клуб. Норвежанецот е во напредни преговори со Бешикташ, пишуваат голем број медиуми во Турција.
Истанбул, 17 јануари 2025 (МИА) - Оле Гунар Солскјер е на пат да најде нов клуб. Норвежанецот е во напредни преговори со Бешикташ, пишуваат голем број медиуми во Турција.
Стручњакот го прифатил договорот што му бил понуден за година и пол. Се очекува тој во живо да го следи претстојниот домашен натпревар на „црните орли' против Самсунспор, а потоа да го води тимот во Лигата на Европа против Атлетик Билбао.
Раководството на Бешикташ преговараше и со Нико Ковач и Роберто Манчини, но на крајот најблиску до договор е со Солскјер.
Норвежанецот на оваа позиција ќе го замени Сердар Топрактепе. Тој го водеше тимот на привремена основа по ослободувањето на Џовани ван Бронкхорст.
Солскјер последен пат беше на чело на Манчестер Јунајтед, но се раздели со „црвените ѓаволи“ на крајот на 2021 година. Потоа работеше како аналитичар на УЕФА. дс
Фото: Архива