• понеделник, 23 декември 2024

Советот на Општина Центар го отфрли барањето за донација за градење црква во Берлин

Советот на Општина Центар го отфрли барањето за донација за градење црква во Берлин

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Советот на Општина Центар на денешната седница не го изгласа барањето за донација на средства на „Македонска православна епархија за Европа – Берлин“ за изградба на црква. Против барањето за донација гласаа против 10 советници, немаше ниеден глас за и немаше воздржани, информираат од Општина Центар.

Градоначалникот Герасимовски пред советниците истакнал дека законска обврска е секое барање за донација да се стави на гласање.

- Наша законска должносте да ја ставиме точката на дневниот ред и да дискутираме за истата. Шпекулациите на оваа тема беа очекувани со оглед на тоа дека се наближуваат локалните избори и само се гледа како по секоја цена да се добијат политички поени пред изборите. Но, граѓаните се свесни и знаат што и колку кој има сработено во овие три години колку работиме, кој продава магла, а кој работи во интерес на граѓаните. Некои од порталите излегоа со невистини, колку ќе се донира  и само што не напишаа сума. Таргет беше градоначалникот,  бидејки голем дел од насловите беше дека Герасимовски донира, донирал или слично. Тоа го демантиравме на некој начин, но ќе ги замолам советниците  информации прво да побараат од  општината, а не да ја манипулираат со јавноста со инфилтрирање на лажни инфомации и приказни до порталите а потоа тие исти лаги да се шират во јавноста“, истакна Герасимовски, истакнал тој, пренесува Општина Центар.

Дополнуваат дека советниците отвориле дискусија и за потребата од поставување клима уреди во основните училишта.

- Дел од советниците потенцираа дека јавноста и родителите се поделени во врска со ова прашање и затоа е потребно градоначалникот да изготви целосна информација за евентуалното поставување клими во училиштата, притоа земајќи ги предвид сите аргументи за и против донесување ваква предлог одлука, велат од Општина Центар.

На 40. Седница, Советот на Општина Центар усвоил и предлог одлука за повторно доделување на бесплатни термини за КК Работнички во спортските сали на сите основни училишта, а биле разгледани и полугодишните извештаи на општинските сектори, како и два урбанистички проекти. ар/нд/

Фото: Општина Центар 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан