Советот на Кавадарци ја усвои одлуката за максимална субвенција за купување велосипеди
- Кавадарци субвенционира купување велосипеди, со цел да ги стимулира кавадарчани за користење на велосипеди и да се даде поголем придонес во зачувување на животната средина и физичкото здравје на жителите во општината. Тоа значи дека локалната самоуправа ќе обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед.
Кавадарци, 27 мај 2024 (МИА) - Кавадарци субвенционира купување велосипеди, со цел да ги стимулира кавадарчани за користење на велосипеди и да се даде поголем придонес во зачувување на животната средина и физичкото здравје на жителите во општината. Тоа значи дека локалната самоуправа ќе обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед.
Одлука за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на велосипеди за 2024 година, донесе денеска Совет на Општина Кавадарци, на предлог на градоначалникот Митко Јанчев, а во врска со јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2024 година.
Максималниот износ за поединечна субвенција за купување на велосипед по лице се утврдува во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
- Општина Кавадарци за овој проект ќе издвои средства во висина од 300.000,00 од буџетот за 2024 година. Начинот и кретириумите за доделување на средствата за субвенционирање се определени со посебен правилник, беше кажано на седницата. свд/дма/
Фото : МИА