• сабота, 23 ноември 2024

Собрани 34 единици крв во првата крводарителска акција оваа година во Дебар

Собрани 34 единици крв во првата крводарителска акција оваа година во Дебар

Дебар, 7 март 2024 (МИА) - Дебарската општинска организација на Црвен крст, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денеска ја спроведе првата редовна крводарителна акција за годинава.

Екипата беше сместена во просториите на општинското основно училиште „Пенестија“ во градот и за неколку часа беа собрани  34 единици крв.

-Желбата да ја даруваат драгоцената течност што живот значи ја искажаа повеќе граѓани, но поради одредени здравствени причини тоа не можеа да го сторат. До крајот на годинава планираме спроведување на уште пет редовни и една вонредна акција. Годишниот план е 600 крвни единици, изјави за МИА Исни Телќиу, секретар на општинската организација на Црвен крст.

Минатата година во општините Дебар и Центар Жупа, кои оваа организација ги покрива со својата активност, прибрани беа вкупно 370 крвни единици, што беше исполнување на планот за 62 отсто. Споредено со претходната година, собрани беа 112 крвни единици помалку.

Според Телќиу, тоа е  последица на масовната миграција во регионот, од каде во светот заминаа многу редовни крводарители, но и млади кои се потенцијал да станат доброволни крводарители. вт/хс/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан