• среда, 27 ноември 2024

Собранието втор ден расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година

Собранието втор ден расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година
Скопје, 14 јуни 2022 (МИА) - Во собраниската Комисија за финансирање и Буџет денеска продолжи расправата за ребалансот на Буџетот за 2022 година. Пратениците од власта остануваат на ставот дека со овој ребаланс на Буџет фокусот се става кон потребите на фирмите, да се обезбеди нивна ликвидност, но и да се одржи социјалната сигурност на граѓаните. Според пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска, со овој ребаланс се следи интенцијата од Буџетот за 2022 година, а тоа е да се трошат пари строго наменски. Сега, како што велат, со ребалансот уште повнимателно ќе се зајмуваат, само за неопходни работи. - Она што го правиме ние и оваа Влада е да се амортизираат налетите на сите екеконмски последици диктирани од светска економска енегретска криза. Со зголемување на платите во различни сектори и минимална плата, синдикална кошница од 2016 година до денес се зголемила за 19,3 проценти, рече денеска Лазаревска во својата реплика. Таа посочи дека постои зголемување на платите во образованието уште пред ребалансот, и тоа во основно и средно образование за 21,3 проценти. Сега има дополнително зголемување за 15 отсто. Како што посочи Лазревска, во однос на образованието се крати во делот на изградба на спортските сали во основни училишта, но не оние кои почнале да се работат. Се што е скратено е скратено во разумни рамки, а се што е почнато да се работи, ќе продолжи да се работи. Ставот на опозицијата пак, е дека овој ребаланс е директен доказ за тоа дека земјава е на раб од банкрот и е економски разрушена. Пратеникот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ во својата реплика денеска рече дека со овој ребеланс се намалени инвестициите во инфраструктурата. Според Здравковски, наместо да инвестираме во капитални инвестиции, ние тапкаме во место. - Во Министерството за траспорт и врски нема ништо сработено. Има намалување на сума за цели 73,9 проценти, но и намалување во проектот за олеснување на трговија и транспорт за 47,7 проценти. Инвестиции во патна инфратструктура се исто така намалени за 38 проценти. Наместо да ги зголемиме инвестициите во патната инфраструктура, ние ги бркаме инвеститорите од тука и ги праќаме во други држави, рече Здравковски. Тој додаде дека стагнација постои и во однос на реформите во јавна администарција, таму како што рече, има намалување за 62,5 проценти. Исто така, како што рече, реформите се намалени и во Министерството за внатрешни работи, а во Министерството за животна средина во однос на квалитетот на воздух е намален за 15,3 проценти. Наместо тоа, посочи Здравковски, со ребалансот се предвидува покачување на трансфери до невладини организации. Тој во својата реплика и порача на власта да даде поддршка на поднесените амандмани од Сојузот на синдикати. Инаку, со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи…. Во ребалансот на Буџетот предвидени се околу 70 милиони евра за антикризни мерки кои, како што најавуваа владини претставници во изминатиов период, ќе бидат таргетирани кон оние на кои им се најпотребни. Расправата за ребаланс на Буџетот продолжува по пауза од еден час. бт/сп/      

Остани поврзан